Уапсен скопјанец осомничен за силување на својата малолетна поќерка

штипјанка

Полицијата во Скопје уапси 46-годишен маж осомничен за силување на малолетничка, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта. Според официјалното соопштение, на 3 ноември 2025 година, во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 46-годишниот скопјанец, по пријава дека извршил обљуба врз својата малолетна поќерка.

Од полицијата информираа дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Истрагата е во тек, а осомничениот е задржан во полициска станица.

Зачлени се на нашиот е-билтен