Се најавува промена на времето: дождлив почеток на неделата, стабилизација од среда

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со можност за појава на грмежи. Во текот на денот, во одредени региони може да наврнат повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар.

Температурите ќе се движат меѓу 6 и 18 степени, додека во Скопје се очекува облачно време со врнежи кои ќе се засилат во попладневните часови. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 17 степени.

И утре, во вторник, ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Од среда, пак, се очекува стабилизација на времето — деновите ќе бидат суви и сончеви, но со посвежи утрински температури.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?