ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да предизвикува фрустрација 

При одговарањето на новинарски прашања по настан одржан вчера во Тетово министерката за образование и наука Весна Јаневска во два наврати го замоли градоначалникот на Тетово Билал Касами да одговара и на македонски јазик за да има претствата на што се однесуваат прашања.

Сепак, таквите молби на министерката не беа услишани од тетовскиот градоначалник, а денес писмена реакција за овој настан пристигна и од коалицијата ВРЕДИ, чиј член е Касами.

„Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик. Во едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество. Во меѓувреме, почитувањето на јазиците што се зборуваат во оваа земја е почитување на граѓаните и на самата држава што ги обединува“ се вели во ракцијата.

Од ВРЕДИ, како што велат изразуваат жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик, додавајќи дека според нив, таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен