Арсовска до Ѓорѓиевски: „Ајде градоначалниче, објави ги сите долгови – па нека види народот кој лаже“

Бившата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не остана должна по изјавата на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски дека градот должи над 300 милиони евра, а околу 500 лица земале плата без да одат на работа.

Во статус на Фејсбук, напишан со добро позната доза сарказам, Арсовска порача:

„Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот.“

Поранешната градоначалничка го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави сите фирми со долгови, по институција, со фактури и датуми – „за да знае народот кој лаже“. Дополнително, побара да се објави и списокот на сите 400 вработени, со име и презиме, и податок од кога не оделе на работа.

„Три години за корка леб сите што работеа ги избрка, за да направиш место за своите партиски војници“, му порача Арсовска, додавајќи дека наместо соопштенија и „ботови“, Ѓорѓиевски нека собере храброст за јавна дебата – на медиум по негов избор.

Со тоа, Арсовска му врати на Ѓорѓиевски во свој препознатлив стил – малку гнев, малку иронија и голема самоувереност дека „народот знае кој лаже“.

Зачлени се на нашиот е-билтен