Поранешниот претседател на Белгискиот национален фронт, Салваторе Никотра, основа нова крајно десничарска франкофонска партија, која го носи името TRUMP, инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп, објави белгискиот портал Politico.
„Доналд Трамп е врвен симбол на популизмот. Тој веднаш го отелотворува она за што се залагаме“, изјави Никотра, кој истакна дека името на партијата е акроним од „Сите обединети за Унија на популистички движења“ (Tous Réunis pour l’Union des Mouvements Populistes).
За разлика од фламанската партија Vlaams Belang, најголемата крајно десничарска партија во Белгија, Никотра рече дека новата партија нема да се залага за сепаратизам.
Целта на партијата е да учествува на парламентарните избори во Белгија, како и на изборите за Европскиот парламент во 2029 година. „Ние сме десничарска популистичка партија со социјален предзнак“, додаде Никотра.
Основаната конвенција на партијата е закажана за 30 ноември 2025 година.

