Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека денеска, среда, 12 ноември 2025 година, на повеќе локации во градот ќе има прекин на водоснабдувањето поради замена на затворач и санација на дефект. Работите започнуваат во 09:00 часот и ќе траат до нивното завршување.
Во Општина Шуто Оризари, без вода ќе останат жителите на следните улици:
- „Гвадалахара“
- „Индира Ганди“
- „Метохиска“
- „Јован Хаџи Шишко“
- „Гарсија Лорка“
Причината е интервенција на крстосницата меѓу улиците „Индира Ганди“ и „Гвадалахара“.
Во Општина Карпош, поради дефект на водоводната мрежа на ул. „Прашка“ бр. 50, прекин на водата ќе има дел од корисниците на истоимената улица, исто така од 09:00 часот па сè до завршување на теренските активности.
Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да обезбедат минимални резерви вода за пиење и хигиена, а по нормализирање на снабдувањето се препорачува кратко испуштање на водата поради можност за заматување.

