Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во утринските часови по котлините е можна појавa на магла, информира УХМР.
Температурите ќе се движат од –2 до 6 степени наутро, а во текот на денот ќе достигнат од 13 до 19 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Во Скопје се очекува слична состојба – утринска температура од околу 2°C и дневна до 16°C, со можност за краткотрајна магла во претпладневните часови.
Според прогнозите, земјава влегува во период на стабилно и суво време, со постудени утра и топли сончеви денови во наредните денови.

