Балканскиот медиумски камион во Скопје: Интерактивно патување низ вистината и дезинформациите

Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck) пристигна во главниот град и ќе им понуди на скопјани интерактивна програма за медиумска писменост и критичко размислување. Настанот се одржува денеска, 13 ноември, на паркингот пред Општина Центар (од 11 до 15 часот), и утре, 14 ноември, во NOVA International School Skopje (од 9 до 15 часот).

Balkan News Truck е патувачка платформа за медиумска едукација што патува низ регионот со цел да поттикне граѓани од сите возрасти – особено младите – да размислуваат критички за информациите што ги примаат и споделуваат.

Што нуди програмата?

Во рамки на активностите ќе се одржат:

  • квизови за препознавање дезинформации,
  • игри што покажуваат како настануваат лажни вести,
  • работилници за медиумски навики и информирање,
  • јавни дискусии за влијанието на информациите врз секојдневниот живот.

Фацилитатори и говорници на настанот се:
Деспина Ковачевска (Фондација Метаморфозис),
Марио Спасевски (новинар, Мета.мк),
Владимир Петрески (главен уредник на Вистиномер.мк) и
Матеј Тројачанец (проверувач на факти и истражувач, Вистиномер.мк).

Дел од регионална медиумска турнеја

Македонската турнеја на Balkan News Truck е дел од предпрограмата на Деновите на медиумска писменост 2025, што ќе се одржат од 17 до 24 ноември.
Од септември до ноември, медиумскиот камион патува низ шест земји од Западен Балкан – Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија и Северна Македонија – посетувајќи 20 градови.

Во нашата земја, турнејата започна на 2 ноември, со настани во Битола, Гостивар, Штип и завршува во Скопје.

Организатори и поддршка

Иницијативата ја спроведува CFI – Француската агенција за развој на медиуми, во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, со поддршка од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамки на проектот Shared Horizons.

Целосната програма, со говорници, локации и распоред, е достапна на официјалните канали на Balkan News Truck и Метаморфозис.

Зачлени се на нашиот е-билтен