БГНЕС го нарече Александар Николоски лицемерен партиски комичар 

Бугарската агенција БГНЕС со критики кон македонскиот министер за транспорт и врски, Александар Николовски по потпишувањето на договорот за изградба на тунелот што ќе ги поврзе Бугарија и Македонија.

Во текстот кој е напишан од уредникот на редакцијата за надворешна политика на БГНЕС, Димитар Русков, се вели дека за една година, македонскиот министер Александар Николоски го поминал патот од Скопје до Софија, но не преку Деве Баир. И покрај тоа што Николовски ги етикетирал Бугарите како „нецивилизирани бедници“, а неговиот шеф (Христијан Мицкоски) ја нарекол железничката врска по Коридорот 8 „лудило“, на крајот од „екскурзијата се насмевна на станицата Ѓуешево и потпиша „историски“ договор за истиот проект“.

„Се смени реториката, се смени позата пред камерите. Уникатното лицемерие на политичката „елита“ во Скопје по сите линии, дури и железницата, сепак остана непроменето“, пишува авторот.

Од првите денови на новата администрација, се вели дека Николоски бил фокусиран на агресија против Бугарија и против Коридорот 8.

Според бугарската агенција, останува да се види дали Македонија конечно ќе испочитува еден договор со Бугарија, бидејќи и досега виделе прва лопата, но не виделе последна.

Зачлени се на нашиот е-билтен