Силни пораки беа испорачани од „Маршот за ангелите“ во Скопје. Освен во изјавите на организаторите, граѓаните, кои масовно им се приклучија на родителите, роднините и пријателите на загинаттите и повредените во пожарот во Кочани, носеа пароли на кои беше испишано:
„Колку детски животи треба да згаснат за вие да се разбудите“, „Моето дете не умре, беше убиено од систем којшто не штити, туку убива“, „’2 животи – 62 иднини. 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност, нема мир без тоа“.


„Маршот за ангелите“, како протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, започн во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, по што учесниците се упатија кон парламентот, по што машрутата ќе заврши пред Основниот кривичен суд.

Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, ова е првиот ваков марш во главниот град, по неколку недели саботни собири што родителите ги организираа во Кочани. Тие испратија порака што одекнуваше низ целата земја: „Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“. Родителите изразуваат надеж за масовно учество и нагласуваат дека нивната борба нема да престане сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата што ги одзеде животите на нивните деца.

