„Ни требаат луѓе кои што знаат да се сплотат со нас во оваа болка. Ако се сплотени со нас, имаат човечност. Со човечност не се раѓа, не се учи таа е наследна. Ве молам да истраеме. Ве молам за поддршка да ја истераме заедно правдата“.
Ова е само дел од изјавите што денеска ги истакнаа родителите на жртвите и на повредените од пожарот во Кочани од 16 март оваа година.
Освен во изјавите на организаторите, граѓаните, кои масовно им се приклучија на родителите, роднините и пријателите на загинаттите и повредените во пожарот во Кочани, носеа пароли на кои беше испишано:
„Колку детски животи треба да згаснат за вие да се разбудите“, „Моето дете не умре, беше убиено од систем којшто не штити, туку убива“, „’2 животи – 62 иднини. 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност, нема мир без тоа“.
Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, ова е првиот ваков марш во главниот град, по неколку недели саботни собири што родителите ги организираа во Кочани. Тие испратија порака што одекнуваше низ целата земја: „Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“. Родителите изразуваат надеж за масовно учество и нагласуваат дека нивната борба нема да престане сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата што ги одзеде животите на нивните деца.

