Дали електричните автомобили зрачат и го загрозуваат здравјето?

Електромагнетните полиња – познати како електросмог – се јавуваат каде и да поминува електрична енергија. Поради растечката популарност на електричните автомобили, се поставува прашањето:
Дали оваа технологија е опасна за нашето здравје?

Најголемото досега европско истражување, спроведено од германскиот авто-клуб ADAC во соработка со истражувачкиот центар Femu, Универзитетската болница RWTH Aachen и лабораторијата Seibersdorf, донесе јасен заклучок:

Електричните автомобили не претставуваат здравствен ризик – ни за луѓе со медицински импланти.

975.000 мерења – ниту едно опасно ниво

Во студијата биле анализирани повеќе од 975.000 мерења на електрични и магнетни полиња во:

  • 11 електрични автомобили
  • 2 plug-in хибриди
  • 4 електрични мотоцикли
  • 1 возило со класичен мотор (за споредба)

Мерењата се вршеле при реална употреба: стартување, забрзување, кочење и полнење.

Клучни резултати:

  • Ниту едно возило не ја надминало безбедносната граница за електромагнетно зрачење.
  • Електричните автомобили не произведуваат повеќе високофреквентни полиња од класичните возила – тие доаѓаат од Bluetooth, WiFi, радари и сензори.
  • Ниските и статичките полиња се нешто повисоки кај електричните модели, но далеку под ризичните граници.
  • Луѓето со пејсмејкери, инсулински пумпи или други импланти се безбедни.

Најголема изложеност: областа околу стапалата

Најповисоки вредности на електромагнетни полиња се забележани кај:

  • стапалата на возачот и совозачот

Тоа е затоа што токму таму се наоѓаат каблите, конверторите и делови од електромоторот.
Главата и торзото се значително помалку изложени.

Електричните автомобили се безбедни

Иако при нагли забрзувања или кочења може да има кратки „скокови“ на вредности, тие се далеку под било какво ниво што би можело да наштети.

Според ADAC и меѓународната комисија ICNIRP:

Електричните автомобили се целосно безбедни – и за трудници, и за лица со медицински импланти.

Зачлени се на нашиот е-билтен