„Мобилните телефони ќе исчезнат, доаѓа нова играчка“: На многумина нема да им се допадне новото „технолошко чудо“

Само што не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневие – и зависност – а веќе се најавува крајот на нивната доминација.

Директорот на „Мета“, Марк Закерберг, предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат мобилните телефони со нова „играчка“ која целосно ќе ја преземе нивната улога.

„Тоа ќе се случи веќе во 30-тите години од овој век“, најави тој.
„Ќе дојде момент кога вашиот паметен телефон најголемиот дел од времето ќе останува во џеб. Верувам дека тоа ќе се случи во текот на 30-тите.“

Според Закерберг, новото технолошко чудо за масовна употреба ќе бидат паметните очила, пренесува Nova.rs.

„Мета“ – која не е единствена – веќе развива паметни очила што ќе можат да фотографираат и снимаат, да пуштаат музика и видеа, да примаат и прикажуваат пораки и мејлови, да преведуваат во реално време сè што гледаме, да покажуваат рути и насоки директно во видното поле, да прикажуваат проширена и виртуелна реалност, да даваат информации за предметите кон кои гледаме, да мерат пулс, крвен притисок… И, се разбира, ќе бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири нивните можности.

Иако звучи како технологија која бара гломазна опрема, Закерберг истакнува дека овие очила ќе изгледаат како сосема обични – налик на сончеви очила.

„Ќе се случи истото што и со компјутерите“, вели тој.
„Сите имаме компјутер дома, но најмногу користиме мобилен телефон. Слично ќе се случи и со паметните телефони во следните години.“

Зачлени се на нашиот е-билтен