Дали омекнувачите за алишта можат да бидат опасни за здравјето? – Клучот се крие во ситните букви на етикетата

Омекнувачите за алишта најчесто мирисаат на свежо и чисто, но експертите предупредуваат дека зад тие мириси понекогаш се кријат супстанци кои можат да влијаат на кожата, дишењето и хормоналната рамнотежа. Пред да го истурите следниот капаче во машината за перење, вреди да проверите што навистина носите во домот.

Кои се најчестите ризици?

Многу омекнувачи содржат хемикалии кои можат да предизвикаат иритација на кожата, алергиски реакции, главоболки или проблеми со дишењето. Во листите на состојки често се појавуваат супстанци како:

  • бензил ацетат – поврзуван со ризици за панкреасот,
  • лименон – потенцијален канцероген,
  • хлороформ – нервен токсин,
  • етанол – може да влијае на нервниот систем.

Ако кожата ви пука или се суши по носење свежо испрани алишта, можно е проблемот да е токму во омекнувачот, а не во детергентот.

Алергии кај деца? Да – и тоа почесто отколку што мислиме

Особено ранлива група се децата и лицата со чувствителна кожа. Педијатрите советуваат омекнувачите целосно да се избегнуваат при перење бебешка и детска облека – синтетичките мириси и конзерванси брзо предизвикуваат осип, чешање и црвенило.

Како да препознаете опасен омекнувач?

Ако на етикетата има повеќе од пет хемикалии што не ги препознавате – размислете два пати. Особено внимавајте на состојки како:

  • alpha-terpineol
  • benzyl alcohol
  • quaternium-15

Мирисот можеби е пријатен, но телото ја плаќа цената.

Природна и побезбедна алтернатива

Едноставно решение – јаболков или бел оцет со неколку капки природно етерично масло (лаванда, лимон). Се додава една лажица во преградата за омекнувач. Ткаенините остануваат меки, се избегнува електрицитет, а во домот не внесувате агресивни хемикалии.

Влијание на дишните патишта

Силните мириси и испарувања можат да предизвикаат кашлица, притисок во градите и главоболка, особено кај лица со астма или алергии. Затоа купувајте производи со што пократок состав или префрлете се на природна варијанта.

Зачлени се на нашиот е-билтен