За една недела „Пајакот“ во Центар подигнал 144 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.11. до 16.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“ велат од општинското јавно препријатие.

Паркинг просторот е долгогодишен проблем не само во Центар, туку и во другите општини, а старо новиот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски најави низа на проекти со кои ќе се обезбедат нови паркинг места на најизложените локации.

Зачлени се на нашиот е-билтен