Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е во целосен прекин од 08:40 часот утрово, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Како причина за затворањето на патниот правец е наведено појавување одрон на коловозот. Надлежните служби се упатени на терен и работат на расчистување за што поскоро нормализирање на сообраќајот.

