Центарот за управување со кризи излезе со најнов пресек на информации (до 13.00 часот) за состојбата со поплавите во одредени региони на државата.
Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија е стабилна велат оттаму.
Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките. Реката Пчиња бележи намалување на нивото
Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, а водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.
Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата.
Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.
Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби, наведуваат од ЦУК.

