Во буџетот за 2026 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра, соопштија денеска од СДСМ.
Според потпретседателката на СДММ, ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови.
Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите! Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите. Како намерно да сака да ги избрка од државата.
Не може да има пари за манго, папаја и гоштевање на владините функцонери а да нема за младите. Студентите не се бројка во табела, тие се иднината на државата. А со вакви погрешни политики иселувањето на младите не само што ќе продолжи туку ќе се засили. СДММ бара власта веднаш да се откаже од овие катастрофлани политики и да го зголеми буџетот за студетски стандард. Младите заслужуваат подобро, заслужуваат повеќе“ порача Стефанија Кузманоска, потпретседателка на СДММ.