На 1 јануари 2026 „Роаминг како дома“ со земјите во ЕУ?

роаминг

Доколку Европскиот совет заклучи дека Северна Македонија ги исполнила неопходните реформите, Северна Македонија и дел од другите земји од Западен Балкан од први јануари 2026 година ќе имаат можност за бесплатен роаминг со Европската Унија.

Укинувањето на роамингот со ЕУ беше најавено одамна. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, најави таква мерка за почетокот на 2026 година за време на состанокот со европската комесарка за проширување Марта Кос во август оваа година.

Еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос ова го најави на прес-конференцијата на лидерскиот самит на Европската Унија и земјите од Западен Балкан посветен на Планот за раст во Скопје.

„Ако навистина работиме трудољубиво, а вие лидерите имате волја да го сторите тоа, ќе има многу реформи кои ќе ги сменат законите и ќе можеме да имаме бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан од 1 јануари 2026. Со тоа, вашите граѓани ќе можат да комуницираат без дополнителни трошоци кога ќе патуваат во земјите од Европската Унија“, кажа тогаш еврокомесарката Кос.

Во документот со предложените нацрт-заклучоци на Европскиот совет се наведува дека Украина и Молдавија ќе бидат ослободени од роаминг трошоци од 1 јануари 2026, нагласувајќи дека земјите од Западен Балкан треба да го добијат истиот режим.

„Украина и Молдавија ќе се приклучат на програмата „Роаминг како дома“ од 1 јануари 2026 година, дозволувајќи им на нивните граѓани да остваруваат повици кон, од и во рамките на ЕУ и Европската економска зона и да користат мобилни податоци без дополнителни трошоци. Партнерите од Западен Балкан ќе го сторат истото во 2026 година. Советот ја повикува Комисијата да ја забрза работата за постигнување на оваа цел“, се вели во предлог заклучоците на документот што Европскиот совет треба да ги усвои на 16 декември.

Зачлени се на нашиот е-билтен