На денешен ден, на 1 декември 1918 година, регентот Александар Караѓорѓевиќ го прогласи создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, во палатата Крсмановиќ, на Теразије во Белград.
Три години подоцна со Видовданскиот устав во 1921 година новосоздадената држава беше преименувана во Кралство на СХС, а во 1929 година во Југославија.
Создавањето на заедничка држава во 1918 година беше резултат на величествените воени победи на Србите од 1912 до 1918 година, како на Балканот, така и во Првата светска војна, чиј исход беше решен со пробивот на Солунскиот фронт од страна на Србите во средината на септември 1918 година.
Во тоа време, создавањето на заедничка држава, што беше официјално прогласена воена цел на Србија на почетокот на војната, беше ентузијастички прифатено како конечно остварување на вековен сон.
Официјалниот став на креаторите на оваа заедница од обединувањето во 1918 година и во текот на поголемиот дел од постоењето на меѓувоеното Кралство Југославија беше дека новата држава е населена од членови на една, иако трикратно именувана нација. Целта беше југословенската нација.
Новата Југославија, која произлезе од борбата за ослободување за време на Втората светска војна, сепак имаше сосема различни ставови.
Социјалистилка федеративна република Југославија (СФРЈ) постоеше од 1945 до 1992.
Формирана е на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград како заедница на 5 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора), со оригинално име Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), пред да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) на 7 април 1963.