Гаши влезе во собраниските игри на ВМРО-ДПМНЕ, бара двете анкетни комиси да бидат ставени во една

Колку власта го почитува барањето на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за анкетна комисија?

На денешниот собраниски брифинг со новинарите, спикерот, Африм Гаши информираше дека и од власта и од опозицијата побарал да се договорат, наместо две анкетни комисии да има само една која би ги опфатила и анкетна комисија за Кочани а која би ги опфатила и несреќите со Беса Транс, Дурмо турс и модуларната болница во Тетово.

Ваквиот став на Гаши неодамна го презентираше ВМРО-ДПМНЕ, преку пратеникот Бране Петрушевски кој рече дека негавата партија во континуитет барала анкетна но не само за Кочани туку и за сите други несреќи во Македонија.

„Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква сеопфатна Анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија“, рече Петрушевски додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет барало сеопфатна Анкетна комисија која ќе ги опфати не само трагедијата во Кочани туку и за други несреќи за кои се бара одговорност.

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, пред околу две недели до Собранието поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените.

Од таму соопштија дека анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност.

Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа.

Дека Гаши ја игра играта на ВМРО-ДПМНЕ покажува и враќањето на иницијативата на СДСМ и Левица за анкетна комисија за трагедијата во Кочани на доработка.

Гаши тогаш ги информираше новинарите, дека во поднесениот предлог било утврдено дека мнозинството во комисијата му припаѓала на опозицискиот блок, што било спротивно на собранискиот Деловник.

Тој се повика на член 124 од Деловникот, според кој сите работни тела, вклучително и анкетните комисии, мора да имаат состав пропорционален на парламентарниот распоред на сили. Тоа значи дека мнозинството во комисијата го има власта, додека претседателот се избира од редовите на опозицијата. Бидејќи ова правило не е испочитувано, иницијативата е вратена на доработка. 

Налепувајќи се на желбата на ВМРО-ДПМНЕ, Гаши на денешниот брифинг со новинарите исто така посочи дека од претседателот на постојаната анкетна комисија, Димитар Апасиев, побарал да најде друг термин бидејќи 9 декември е датум на кој нема да можат да учествуваат сите пратеници бидејќи ќе започне собраниската седница за Предлог буџетот за 2026 година.

Гаши информираше дека не добил одговор од партиите на неговото барање, наместо две да има една анкетна комисија за трагедијата во Кочани и за останатите трагедии во Макеоднија.

„Се надевам дека во наредните денови ќе ми одговорат дали се договориле или не“, вели Гаши. 

Зачлени се на нашиот е-билтен