Домашниот проект „Везилка“, Национален центар за вештачка интелигенција, продолжува да добива поддршка како „капитален“ за дигиталната трансформација на земјата, оценува Bloomberg Adria.
Според изворите на овој медиум и оценките на официјалнилица, Северна Македонија има квалитетен кадар и ресурси да го спроведе овој проект, за да се намали техниколошката зависност од странство.
Со „Везилка“, мали компании, институции и академски заедници би можеле да користат ВИ-технологии, што нуди перспективи за модернизација, нови работни места и иновации.
Како дел од глобалниот тренд на дигитализација, владите низ Европа и светот инвестираат во вештачка интелигенција. За Северна Македонија, ваков проект може да значи скок во технолошки капацитети, намалена зависност и потенцијал за развој, но успехот ќе зависи од континуитет, инвестирање и добро планирање, оценува Блумберг Адриа.
Носител на проектот е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
“ВЕЗИЛКА : Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија”, е избран за финансирање во рамките на иницијативата EuroHPC и програмата Horizon Europe. Институционални поддржувачи на проектот се Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и Владата на РСМ. Вкупна вредност на проектот е околу 6 милиони евра ќе биде финансиран од ЕУ а кофинансиран од МДТ, Владата на РСМ и ФИНКИ.

