Анализа од ЕУ: Апсењето на Федерика Могерини и корупцискиот скандал во Киев го тресат кредибилитетот на Унијата

Апсењето на поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини, заедно со двајца високи функционери на ЕУ, под сомнение за проневера на европски средства и злоупотреба на функцијата, сериозно го наруши угледот на Европската унија – оценуваат европски аналитичари.

Белгискиот „Стандард“ предупредува дека угледот на ЕУ е „тешко разнишан“, особено по претресите што белгиската полиција ги изврши и во седиштето на Европската служба за надворешни работи, предводена од Каја Калас – институција што порано ја водеше Могерини.

Скандалот доаѓа речиси паралелно со откривањето масовна корупција во врвот на украинската власт, каде биле украдени над 100 милиони долари – во момент кога ЕУ подготвува нови милијарди евра помош за Украина. Европските медиуми потсетуваат и на случајот со раскошни имоти што ги купувале украински функционери среде војна, а шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, наводно имал дури и шифриран прекар „Али Баба“.

Могерини е обвинета дека издејствувала средства од буџетот на ЕУ да бидат пренасочени кон дипломатската академија на Колеџот на Европа во Бриж, каде што била ректорка. Францускиот „Монд“ потсетува дека нејзиниот избор уште тогаш предизвикал силни реакции поради недоволно академско искуство.

Аналитичарите предупредуваат дека двата скандали доаѓаат во критичен момент – токму кога членките на ЕУ се обидуваат да постигнат договор околу користењето на замрзнатите 140 милијарди евра од руските средства за поддршка на Киев.

Зачлени се на нашиот е-билтен