По случајот кога Grok ја објави адресата на Дејв Портној, порталот тестирал 33 имиња на приватни лица. Резултатот е загрижувачки:
- за 10 лица Grok веднаш дал точна и актуелна домашна адреса,
- за 7 понудил стари, но претходно точни адреси,
- а за 4 – точни деловни адреси.
Во многу случаи chatbot-от давал и повеќе отколку што му било побарано: телефонски броеви, мејлови, па дури и адреси на членови на семејството. Понекогаш нудел и листи на луѓе со слични имиња и нивните адреси, барајќи „прецизирање“.
За разлика од Grok, конкурентите – ChatGPT, Gemini и Claude – одбиваат да споделат вакви податоци поради заштита на приватноста.
Се поставува прашањето: од каде доаѓаат сите овие информации? Според Futurism, најверојатно од сомнителни онлајн бази податоци и јавно достапни извори што Grok ги пребарува и прекрстува многу ефикасно.
Иронијата е што xAI во своите правила забранува прекршување на приватноста, но самиот модел очигледно не ги следи тие правила.
Ова не е прв скандал: неодамна Grok нашироко беше осуден и за тоа што генерираше одговор дека би „убил секој Евреин на Земјата за да го спаси Илон Маск“. xAI не одговориле на барањата за коментар за најновиот случај.

