Судење на алпинистот кој ја оставил својата девојка на -20°C да умре од смрзнување

Австриските власти ја идентификуваа 33-годишната Керстин Гуртнер како жената која почина од смрзнување за време на искачување на Гросглокнер, највисоката планина во Австрија. Нјзиниот партнер, 39-годишниот Томас Пламбергер, е обвинет за убиство од небрежност, откако ја оставил изнемоштена и сама на планината при температури од -20°C.

Гуртнер на социјалните мрежи се опишувала како љубителка на планини и зима, но сепак била неискусна планинарка. Од друга страна, Пламбергер бил искусен алпинист кој ја повел на бараниот ноќен успон до 3.657 метри, во екстремно студени услови.

Парот започнал со искачувањето и покрај тоа што младата жена не била адекватно подготвена за такви услови, а нејзиното тело било пронајдено само 45 метри под врвот на гребенот.

Обвинителството: „Ја остави изнемоштена и дезориентирана на планината“

Јавното обвинителство во Инсбрук наведува дека Пламбергер бил одговорен за безбедноста на партнерката, бидејќи тој го организирал искачувањето.

„Околу два часот наутро обвинетиот ја оставил својата девојка незаштитена, изнемоштена, хипотермична и дезориентирана, околу 50 метри под Гросглокнер. Жената се смрзнала до смрт“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Како искусен алпинист кој ја познавал маршрута и условите, Пламбергер фактички бил „водич“ во ова искачување.

Според обвинението, температурите за време на драматичното искачување паднале до -20°C. Обвинителството тврди дека Пламбергер не побарал помош дури и кога во 22:50 часот забележал полициски хеликоптер во близина. Итниот повик го упатил дури во 1:35 наутро, по што го исклучил звукот на телефонот.

Само половина час подоцна ја оставил Гуртнер на заледената падина, иако имале ќебиња за итни случаи кои можел да ги искористи. Надзорната камера го снимила како сам се симнува од планината во 2:30 часот, далеку од местото каде ја оставил партнерката. Повторно повик до спасувачките служби упатил дури околу 3:30 часот.

Адвокатот на Пламбергер ги отфрла обвиненијата и тврди дека станува збор за трагична несреќа, а не за кривична одговорност.

Судењето е закажано за февруари, а доколку биде прогласен за виновен за убиство од небрежност, Пламбергер се соочува со казна до три години затвор.

Зачлени се на нашиот е-билтен