[Видео] После анкетната за катастрофата во Кочани Мицкоски порача „ајде да се веселиме“

Мицкоски

„Создавате темнина, наместо да славиме дека има 3,7 раст на БДП во третиот квартал, трет е во европа, тоа нико не го збори“.

„Наместо да збориме дека номиналниот бруто домашен производ се зголемил за 10,3 проценти, тоа никој не го зборува, туку се занимаваме со измислени теми“.

„Логично е овој талог во општеството, артикулиран во неколку опозициски партии, да создава таков притисок врз луѓето и тие се чувствуваат напнати и викаат што подалеку од овде“.

Ова се пораките на премиерот Христијан Мицкоски искажани пред новинарите за време на изјавата после седницата на Анкетната комисија за човекови права на Собранието кое расправаше за претставката на родителите на децата жртви на катастрофата во Кочани.

Тој не запре тука, и продолжи да им диктира теми на медиумите.

„Еве, пред некој ден возухот со Скопје беше почист од виздухот во Белград, во Сраево, во Приштина, во Љубљана, па и од една Виена. Зошто тоа никој не го кажа?“

На реакцијата на една од новинарките дека тоа така треба да биде, а не дека е некоја вест, тој продолжи како да не сфати што сака да каже новинарката.

„Епа ајдете тоа да зборуваме, ајде за убави работи да зборуваме, ајде да се веселиме, јаде да ја смениме перцепцијата, да победуваме наместо да губиме“.

„Зошто да не бидеме горди дека воздухот во Скопје во неделата беше почист од тој во Виена во 14 часот? Јас за тоа сакам да зборувам. Сака да зборувам за раст на БДТ од 3,4 %“.

„Дајте ве молам да зборуваме за убави работи, празници се ближат, луѓето сакаат да зборуваат за убави работи“, кому, очигледно му е повеќе до празнување отколку да одговара на непријатни прашања на новинарите, кои, патем, произлегуваат од неговата и од работата на Владата.

Зачлени се на нашиот е-билтен