Возење по автопатот I-95 во Флорида во вторникот навечер се претвори во сцена од акционен филм, кога мал авион при принудно слетување удри директно во Toyota Camry. За среќа, и пилотот и возачот поминале само со полесни повреди.
Инцидентот се случил околу 17:45 часот во близина на местото Кокоа, откако авионот – кој бил на инструкциски лет – пријавил проблеми со моторот веднаш по полетувањето од островот Мерит, потврдува Федералната управа за авијација (FAA).
Камера го снимила моментот на ударот
Пилотот се обидел да го приземли авионот на автопатот, но не успеал да ја избегне Toyota-та што се движела на југ. Авионот буквално слетал врз автомобилот, а драматичниот момент го снимил возачот Џим Кофи, кој се нашол во близина.
„Го видовме како паѓа од небото… Се надевав дека ќе се спушти на страна“, раскажал тој за локалните медиуми.
Поминаа со огромна среќа
Возачот на Camry-то, 57-годишен маж, е пренесен во болница со полесни повреди. Пилотот и инструкторот, двајцата на 27 години, поминале неповредени.
Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB) ја отвори истрагата за причините за несреќата.