Хонгконшката полиција соопшти дека уапсила патник од летот CX811 на Cathay Pacific, кој од Бостон летал кон Хонг Конг, поради сомневање дека за време на летот се обидел да ја отвори вратата од авионот.
Од авиокомпанијата информираа дека никој не бил повреден и дека леталото безбедно слетало рано утрово. Кабинскиот екипаж веднаш реагирал, ги проверил вратите за да се увери дека се затворени и го пријавил инцидентот.
Полицијата потврди дека е уапсен 20-годишен маж од копнена Кина, осомничен за кршење на Уредбата за безбедност во воздушниот сообраќај. Инцидентот е предаден на понатамошна истрага.