Од најубава преспанска плажа до напуштена приказна: што се случи со Стење?

Некогаш, не така одамна, Стење беше вистински мал бисер на Преспа. Во 2015 година плажата доживеа препород – расчистена, уредена, со два модерни шанка, кафулиња, детски игралишта и лизгалки што ја полнеа со смеа и живот. Туристите доаѓаа, локалните жители се гордееја, а Стење повторно блескаше како најубавата преспанска плажа.

Но, како што често се случува со добрите проекти, сè тоа траеше кратко. Без одржување, без визија и без вистинска грижа, местото почна да се запустува. Денес, плажата која некогаш беше полна со луѓе и енергија стои како немо сведоштво на пропуштен потенцијал – повторно тонeјќи во очај и заборав.

Жалосно е, особено ако се знае дека Преспа има уникатни климатски услови: две планини што ја штитат од сите страни и езеро чија убавина ретко каде се повторува. Таква комбинација е подарок што малку региони го имаат.

Стење би можело да биде вистинска приказна за просперитет, туризам и живот на езерото – но само ако повторно се врати вниманието, грижата и љубовта кон овој магичен преспански брег.

Зачлени се на нашиот е-билтен