Спортски авион се урна во Мавровско езеро

Национален парк Галичица | Фото: Ptahhotep, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс
Национален парк Галичица | Фото: Ptahhotep, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Мал авион се урна во Мавровско Езеро, информираше Центарот за управување со кризи.

Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.

Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција.

Зачлени се на нашиот е-билтен