На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол”, патничко возило „пежо” со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
„Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани“ соопштија од Министерството за внатрешни работи.