Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Намалена видливост поради магла до 50м има кај Ресен и Удово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Зачлени се на нашиот е-билтен