Почина Драган Б. Костиќ

Утрово, по кратко боледување почина познатиот македонски радиоводител Драган Б. Костиќ на 75годишна возраст.

Веста за неговата сме ја потврдиле од семејството.

Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител  од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“…

Во 2018 година ја започна и телевизиската емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше две сезони до 2019 година.

Во 2024 година, со големиот музички настан „Последниот танц“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Драган Б. Костиќ ја одбележа својата 50-годишна кариера

Костиќ ќе остане запаметен и како еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи, сопственик на една од најголемите колекции плочи.

Зачлени се на нашиот е-билтен