Загинале двајца македонски државјани при тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш

Сообраќајна полиција

На автопатот Белград – Ниш утрово се случила сообраќајна несреќа во која загинале две лица, а едно лице е повредено и пренесено во болница, дознава Танјуг.

Несреќата се случила кога автомобил со германски регистарски таблички излетал од патот и удрил во насипот. Српските медиуми јавуваат дека загинатите се маж и жена и дека се македонски државјани.

Се работи на нормализирање на сообраќајот на автопатот.

Зачлени се на нашиот е-билтен