Драма во Градски парк: Странец со американски пасош нападнал полицаец

Нигериец со американски пасош бил уапсен рано утрово во Градскиот парк во Скопје откако физички нападнал полициски службеник и кај него бил пронајден пиштол без дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 21 декември околу 4:30 часот пред еден угостителски објект во Градскиот парк, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У. (37) од Нигерија, кој поседувал американски пасош и лична карта.

„Лицето агресивно се однесувало и физички нападнало полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што ги попречувал полицајците во извршувањето на службената должност“, информираат од МВР.

При извршениот преглед, кај осомничениот биле пронајдени и одземени пиштол марка „глок“, две рамки и 30 куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од Министерството за внатрешни работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен