Вучиќ за студентскиот протест во Нови Пазар: „Малуброен и бесмислен, успешен за пити и бурек“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека студентскиот протест во Нови Пазар бил „успешен во туристичка смисла“, но оцени дека станувало збор за „изразито малуброен и бесмислен“ собир.

Одговарајќи на новинарско прашање за денешниот студентски протест, Вучиќ изјави дека протестот довел до зголемен промет во угостителските објекти.

„Имаше зголемен промет во пекарниците и бурекџилниците поради луѓето кои дојдоа од страна“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека „сè поминало во најдобар ред“ и изрази уверување дека и во иднина ќе биде така.

Вучиќ ова го изјави на прес-конференција во Белград, по повод посетата на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, на Србија.

Протест „Или тие или ние“

Протестниот собир под мотото „Или тие или ние“ започна околу 11 часот пред зградата на Државниот универзитет во Нови Пазар, а според најавите требаше да трае до 18 часот.

На протестот учествуваа студенти и граѓани од повеќе градови во Србија. Организаторите наведоа дека повод за собирот е одлуката со која повеќе од 200 студенти на Државниот универзитет во Нови Пазар го изгубиле статусот на студенти, додека околу 30 професори останале без работа.

Зачлени се на нашиот е-билтен