Соединетите Американски Држави пресретнаа уште еден танкер во меѓународни води во близина на брегот на Венецуела, што е втора ваква операција во текот на овој викенд, јавува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални лица.
Оваа акција следува само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп најави заострување на мерките против нафтените танкери под санкции, опишувајќи ги како „целосна блокада“ на сите пловила кои пловат кон или од Венецуела.
Американските претставници, кои зборувале под услов на анонимност, не открија за кое конкретно пловило станува збор, ниту ја прецизираа точната локација на која било извршено пресретнувањето.
Според нив, операцијата е дел од пошироките напори на САД за спроведување на санкциите кон Венецуела и ограничување на извозот на нафта од земјата.