АМСМ информира дека во 12:15 часот сообраќајот кај клучка Приштина према Јадранска магистрала е нормализиран во целост.
Намалена видливост поради магла до 30 метри има на патниот правец с.Гајре –Попова Шапка и до 100 м. на патниот правец Штип – Неготино кај Серта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.