Најмалку десет лица го загубија животот, а 32 се повредени во тешка автобуска несреќа што се случи во источната мексиканска држава Веракруз, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила во средата во близина на градот Зонтекоматлан, кога автобус што сообраќал на релација Мексико Сити – селото Чиконтепек излетал од патот под сè уште неразјаснети околности.
Од Канцеларијата на градоначалникот на Зонтекоматлан информираат дека меѓу загинатите има девет возрасни лица и едно дете, додека повредените се пренесени во најблиските здравствени установи, каде дел од нив се наоѓаат во тешка состојба.
Причините за несреќата сè уште се утврдуваат, но надлежните служби не ја исклучуваат можноста за пребрзо возење или технички дефект на возилото.
🚨 Eight dead and 19 injured in horror crash after bus plunges 600ft & flips down embankment in Mexico pic.twitter.com/7TVSKPFrRG
— News.Az (@news_az) December 25, 2025
Автобуските и камионските несреќи се честа појава во Мексико, каде лошата инфраструктура, прекумерната брзина и недоволната техничка исправност често доведуваат до трагични последици. Кон крајот на ноември, во слична сообраќајна несреќа во државата Мичоакан загинаа десет лица, а околу 20 беа повредени.