Еден од најактивните вулкани на светот, хавајскиот Килауеа, еруптираше на Бадник, создавајќи спектакуларни и застрашувачки сцени во кои фонтани од врела лава достигнуваа височина и до 427 метри.
Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаʻумаʻu на Големиот остров, а била регистрирана со камери на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA Today. Драматичните призори можеа да се следат и во живо преку интернет-пренос.
On the first anniversary of the start of the current summit eruption (Episode 1), lava is fountaining once again at Kīlauea (Hawaiʻi ) — Episode 39 has begun!
— USGS Volcanoes🌋 (@USGSVolcanoes) December 24, 2025
The episode began at about 8:10 p.m. HST. Both the north and south vent are fountaining. As of about 8:45 p.m., lava… pic.twitter.com/kxO7Lf7NsI
Ерупцијата започнала во вечерните часови на 23 декември, а завршила нешто по 2 часот наутро на 24 декември, токму на Бадник. Според податоците на USGS, првите знаци на зголемена активност биле забележани околу 2:30 часот по локално време, кога од северните и јужните отвори на кратерот започнала силна ерупција на растопена лава.
Килауеа се наоѓа во рамки на Националниот парк „Хавајски вулкани“ и важи за еден од најактивните вулкани на планетата. Оваа ерупција е веќе 39-та регистрирана во текот на 2025 година. Претходната, 38-ма по ред, се случила претходно овој месец и траела речиси 12 часа.
Научниците проценуваат дека вулканот Килауеа започнал да се формира пред околу 280.000 години, а над морското ниво се издигнал пред приближно 100.000 години. И покрај честата активност, властите соопштуваат дека ерупцијата не претставувала директна опасност за населението, бидејќи се одвивала во строго контролирана зона.