Две лица загинаа во напад што денеска го извршил палестински напаѓач во израелскиот град Беит Шеан, соопшти израелската полиција.
Според официјалните информации, напаѓачот најпрво со автомобил се залетал во група луѓе, при што едно лице го загубило животот. По тоа, тој излегол од возилото и со нож усмртил жена.
Очевидци изјавиле дека еден тинејџер е хоспитализиран со полесни повреди, откако бил удрен од автомобилот за време на нападот.
Полицијата соопшти дека напаѓачот, кој исто така е повреден и се наоѓа на лекување, дошол од Западниот Брег. Истрагата за мотивите и околностите на нападот е во тек.
Инцидентот доаѓа во време на зголемени тензии и безбедносни инциденти во Израел и палестинските територии.