Затворен граничниот премин Меџитлија, камионите запрени неколку часа

Граничниот премин Ники (Меџитлија) денеска е привремено затворен за сообраќај на товарни моторни возила, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Според соопштението, забраната за камиони важи во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека патничкиот сообраќај се одвива без поголеми ограничувања.

Од АМСМ апелираат возачите на товарни возила да ги користат алтернативните гранични премини и да ја следат состојбата на патиштата и граничните премини пред да тргнат на пат.

Надлежните засега не соопштуваат детали за причините за привременото затворање, но се очекува сообраќајот за товарни возила да биде нормализиран по 16 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен