Снежни врнежи и мраз денеска го зафатија планинскиот превој Ќафасан а продолжуваат и попладнево во Струшкиот регион, поради што сообраќајот се одвива отежнато и забавено во двата правци.
Според информациите од Управата на полицијата во Елбасан, во утринските часови е регистрирана појава на мраз кај местото Драгостуње, а сообраќајната полиција е на терен и асистира на возилата што имаат потешкотии или остануваат блокирани поради зимските услови. Од Македонска страна се информира дека преминот функционира но со забавена фрекфенција.
Надлежните служби вршат посолување на патот за да се спречи дополнително замрзнување и лизгање, а како критична точка се посочува дека мраз сè уште има и кај локацијата „Чешма на Мифтарат“. Од полицијата апелираат возачите да се движат со зголемена внимателност и задолжително да користат зимска опрема, особено синџири.