Поради обилните врнежи од дожд, повторно е активирано свлечиште на патниот правец кон Бањиче, и покрај претходно преземените интервентни мерки.
Општина Тетово апелира до граѓаните да не патуваат кон Бањиче сè додека не се подобрат временските услови и не се стабилизира состојбата на терен.
Општинските служби се на лице место, активно интервенираат и континуирано ја следат ситуацијата, со цел навремено преземање на дополнителни мерки за безбедност.
Граѓаните ќе бидат дополнително информирани за развојот на настаните.