100 години ЗОО Скопје

атворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
атворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во октомври 1926 година, биологот и научник Станко Караман ја основа Зоолошката градина Скопје во рамките на Градскиот парк. Неговата визија била современа за тоа време – ЗОО Скопје да стане простор за едукација, научен пристап и хуман однос кон животните.

Во период кога ваквите концепти биле реткост, Караман ја замислил градината како живо училиште на отворено, место каде деца и возрасни можат да учат да ја разбираат и почитуваат природата. Тој имал значајна улога и во развојот на Природонаучниот музеј на Македонија, заокружувајќи ја својата идеја за наука достапна за јавноста. Заедно со музејот и зоолошката градина, Караман е и еден од основачите на Градскиот парк во Скопје.

Како истакнат зоолог, тој верувал дека едукацијата, научниот пристап и хуманиот однос кон животните мора да бидат вградени во секојдневниот живот на градот и достапни за сите.

Зоолошката градина Скопје продолжува да ја негува оваа визија, потсетувајќи на важноста од знаење, почит и грижа кон природата.

Зачлени се на нашиот е-билтен