Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска е во Бразил за да го потпише таканаречениот договор Меркосур.
Спорниот договор, кој се подготвува повеќе од 20 години, ќе ја создаде најголемата зона на слободна трговија во светот, но ги предизвика европските земјоделци да се спротивстават на неговите далекусежни импликации според нив.
Франција и Италија се спротивставуваат на договорот што е моментално на маса, како и илјадниците земјоделски работници кои протестираат во белгискиот главен град, но се чини дека Париз и Рим се повлекоа и се согласија со Меркосур.
Што е договорот Меркосур?
Договорот за слободна трговија е помеѓу ЕУ и јужноамериканскиот блок Меркосур, составен од Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај, се подготвуваше 20 години.
Меркусор предвидува укинувањето на царинските давачки за два огромни пазари: 450 милиони потрошувачи во Европа и 270 милиони во Јужна Америка.
Склучен кон крајот на 2024 година, но во исчекување на ратификација, договорот ќе ѝ овозможи на ЕУ да извезува повеќе возила, машини, вина и жестоки пијалоци во Латинска Америка, а воедно ќе го олесни влезот на јужноамериканско говедско месо, шеќер, ориз, мед и соја во Европа.
Енергетската и технолошката транзиција на Европа го поттикнаа блокот да ги зајакне врските со регионот богат со минерали, кој се гордее со литиум, бакар, железо и кобалт.
Зошто земјоделците се против него?
Земјоделците жестоко го оспоруваат договорот од Меркосур, за кој велат дека ќе го преплави пазарот со поевтини алтернативи и ќе предизвика невидена штета за нивната разбота и за нивниот живот.
Земјоделските синдикати предвидуваат до 10.000 демонстранти во Брисел во четврток, вклучувајќи 4.000 од Франција.
Во меѓувреме, земјоделскиот сектор на Латинска Америка ќе има значителна корист.
Во 2024 година, четирите земји од Меркосур извезоа земјоделски и земјоделско-прехранбени производи во вредност од 23,3 милијарди долари во ЕУ, според Евростат, што резултираше со трговски дефицит од 20,1 милијарда евра (23,6 милијарди долари) за ЕУ.
Критиките особено се фокусираа и на влијанието на договорот врз сточарството.
Тој предвидува извозни квоти во ЕУ од максимум 99.000 тони за говедско месо, што е 1,6 проценти од производството на блокот.
Европската Комисија соопшти дека царините од над 40 проценти, а не 7,5 проценти, ќе продолжат да важат за секој извоз над квотата.
Француските одгледувачи на говеда стравуваат од закана за нивната конкурентност, тврдејќи дека нивните јужноамерикански колеги не подлежат на истите мерки за животна средина и безбедност на храната како во Европа.
Во вторник, Европскиот парламент се обиде да даде уверување со тоа што се согласи да го следи увозот на чувствителни производи како говедско месо, живина и шеќер, со можно повторно воведување на царински давачки во случај на негативни ефекти.
Пратениците на ЕУ сакаат Комисијата да интервенира ако производот на Меркосур чини најмалку пет проценти помалку од неговиот еквивалент во ЕУ и ако обемот на увоз без царина се зголеми за повеќе од пет проценти.
Првичниот предлог ги фиксираше двата прага на 10 проценти, а блокот сега мора да се согласи на компромис.
Дали постои временска рамка?
Фон дер Лајен треба да отпатува денесја во Фоз до Игуасу за да го потпише договорот за време на самитот на лидерите на Меркосур, откако квалификувано мнозинство од земјите-членки го поддржаа договорот од Меркосур вчера.
Франција, Полска, Австрија, Унгарија, Ирска гласаа против, додека Белгија се воздржа.
Одлуката е удар врз француските напори да соберат блокирачко малцинство.
Поддршката дојде откако земјите-членки усвоија заштитна мерка што овозможува построг мониторинг на пазарот на ЕУ за да се спречат сериозни прекини од увозот на Меркосур.
Парламентот, исто така, мора да ја одобри одлуката, а веројатно е дека ќе има тесно гласање, при што 150 пратеници ќе бараат правен оспор на договорот пред Европскиот суд на правдата.
Кој е за, а кој е против?
Шпанија го поддржува договорот со Меркосур, очекувајќи зголемување на извозот на вино и маслиново масло. Министерот за земјоделство Луис Планас во вторник го повтори својот повик за потпишување на „клучниот“ пакт „во наредните денови“.
Германија го даде својот глас затоа што најголемата економија во ЕУ веројатно е поткрепена од решителноста да ја спаси својата автомобилска индустрија, која се соочува со проблеми.
Францускиот претседател Емануел Макрон во среда изјави дека „Франција цврсто ќе се спротивстави“ на секоја „желба од европските власти да го наметнат“ договорот.
Тој побара цврсти заштитни клаузули, построги контроли на увозот и построги стандарди за производителите на Меркосур.
А во среда, крајно десничарската премиерка на Италија, Џорџија Мелони, предупреди против „прерана“ ратификација бидејќи заштитните мерки за земјоделците сè уште треба да се финализираат.
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва во средата ги повтори повиците до земјите-членки на ЕУ да се согласат со договорот.
„Веќе ги предупредив: ако не го направиме тоа сега, Бразил нема да склучува повеќе договори додека сум претседател“, рече тој.