Американските медиуми објавија нова снимка кој ги прикажува моментите пред и за време на убиството на 37-годишната Рене Гуд, која беше убиена од агентот на американската Служба за имиграција и царина (ICE), Џонатан Рос, во Миннеаполис.
Снимката, потврдено од официјално лице од Министерството за внатрешна безбедност, е снимена со мобилен телефон од самиот агент Рос, објави CNN.
Според медиумите, видео-то првично било прибавено од конзервативниот медиум Alpha News од Минесота, а потоа и CNN го пренел. Објавувањето на снимката предизвика и политички реакции. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, ја сподели снимката на социјалната мрежа X, тврдејќи дека таа покажува како животот на агентот бил загрозен.
BREAKING: Alpha News has obtained cellphone footage showing perspective of federal agent at center of ICE-involved shooting in Minneapolis pic.twitter.com/p2wks0zew0
— Alpha News (@AlphaNews) January 9, 2026
„Погледнете го ова, колку и да е тешко. Многумина од вас беа убедувани дека овој службеник не бил удрен со автомобил, дека не бил загрозен и дека убил невина жена. Реалноста е дека неговиот живот бил во опасност и тој пукал во самозаштита“, напиша Венс.
Што прикажува снимката?
Снимката започнува со агентот Рос пред возилото управувано од Рене Гуд. Нејзиниот темноцрвен SUV е застанат попречно на улицата. Рос без зборови се приближува до возачката страна.
Преку спуштениот прозор се гледа Гуд како го гледа агентот:
„Во ред е, човече. Не сум лута на тебе. Покажи лице.“
Рос не одговара, а во одразот на прозорот се гледа како држи подигнат мобилен телефон и продолжува да снима.
Додека Рос се движи околу возилото, му се приближува и сопатничката која претходно излегла од автомобилот:
„Не менуваме таблици секое утро, само да знаеш. Ова ќе биде иста табличка кога ќе дојдеш да зборуваш со нас“, му вели, држејќи го телефонот пред неговото лице.
Сопатничката додава:
„Ќе не нападнеш ли? Одеше по ручек, дечко.“
Во тој момент, се слуша друг полицаец како ѝ наредува на Гуд:
„Излези од автомобилот.“
Гуд потоа го вози автомобилот наназад, свртува надесно, и нагло се движи напред. Рос извикнува „Опа!“, по што се слушаат три истрели.
Снимката не го прикажува директниот контакт помеѓу SUV-то и Рос, бидејќи камерата во тој момент се насочува кон небото. Меѓутоа, претходна снимка направена од минувач покажува дека веројатно дошло до контакт додека возилото се движело напред.
Самите истрели не се видливи, но се слушаат три истрели додека телефонската камера се тресе. Камерата потоа се свртува кон куќата зад агентот, а потоа ја снима SUV-тата како брза по улицата. Во позадина се слуша некој како изговара „еб…кучка“. На крајот се слуша звукот од сударот кога SUV-то се забива во паркиран автомобил, а камерата се спушта кон земјата.