Државната изборна комисија излезе со првиот пресек за излезеност на повторените избори за градоначалник во четири општини.
До 09.00 часот најактивни биле гласачите во Маврово и Ростуше каде гласале 2,89 проценти од запишаните избирачи.
Најмал одѕив има во Центар Жупа каде гласале само 0,75% односно само 57 лица од вкупно запишаните 7,562 избирачи.
Во Гостивар излезеноста е 0,97% додека во општина Врапчиште е 1%.
Денеска се бира градоначалник во овие општини затоа што на редовните избори во октомври не беше постигнат цензусот од 33,33 проценти излезеност од вкупно запишаните гласачи.