До 11 часот гласале 3,33% од гласачите во четирите општини

Државната изборна комисија информира дека излезноста до 11.00 часот на гласачките места во четирите општини каде денеска се гласа за градоначалник е 3,33 проценти.

Најголема излезеност има во општината Маврово и Ростуше каде гласале 5,90 % од запишаните избирачи.

Во општина Гостивар гласале 3,21% додека во Врапчиште тој процент е 3,02, а најмала излезеност има во Центар Жупа каде до 11 часот своето избирачко право го искористиле 2,22 проценти од запишаните гласачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен