Излезноста до 13 часот е под 9 проценти

До 13.00 часот гласале 8,89 отсто од запишаните избирачи во избирачкиот систем во четирите општини каде денеска се одржуваат повторените избори.

Во Маврово и Ростуша гласале 10,03 проценти, во Гостивар 8,73, во Врапчиште 9,58 отсто од запишани гласачи.

Најмала излезеност повторно има во Центар Жупа каде гласале 6,61 процент односно 500 луѓе во апсолутни бројки.

Со вакво темпо на гласање на половина од изборниот ден, тешко дека ќе има голема излезност, но на повторените избори нема потребен цензус па градоначланик може да се избере и со помал процент на излезени гласачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен